Нутриционист Емилија Спасовска: Колку вода треба да пијат децата, возрасните и постарите – разлики што ги игнорираме секој ден

Нутриционистот Емилија Спасовска објаснува зошто хидратацијата е различна според возраст, колку вода е потребна дневно и кои се ризиците од дехидратација кај деца, возрасни и постари лица.

Нутриционистот Емилија Спасовска објаснува дека водата е неопходна за живот затоашто сите биохемиски процеси во организмот се одвиваат благодарение на неа. Секоја клетка има потреба од вода, па затоа правилната хидратација е важна во сите возрасни групи, кај деца, возрасни и постари лица, но потребите и ризиците не се исти.

„Кај децата, чувството за жед сè уште не е целосно развиено, па тие често не препознаваат кога им недостасува вода. Иако имаат висок процент на вода во организмот, лесно можат да дехидрираат при игра и физичка активност, па затоа е потребно постојано потсетување и поттикнување да пијат течности. Кај возрасните, чувството за жед е развиено, но често се јавува доцна реакција – кога телото веќе е делумно дехидрирано. Затоа редовниот внес на вода во текот на денот е клучен за енергија, концентрација и нормално функционирање на организмот. Кај постарите лица, пак, чувството за жед повторно се намалува, слично како кај децата, а дополнително дел од нив користат и лекови како диуретици, што ја зголемува потребата за хидратација и внимателно следење на внесот на вода“ , објаснува Емилија.

Според неа препораките се дека возрасна личност треба да внесува околу 2 до 2,5 литри вода дневно, односно околу 30 до 35 милилитри по килограм телесна тежина, а кај физички активни лица, бремени жени и доилки таа количина може да се зголеми и до 3 литри. Спасовска нагласува дека постои голема разлика меѓу тоа да се пие вода само кога ќе се почувствува жед и редовната хидратација, бидејќи во моментот на жед организмот веќе е во состојба на делумна дехидрација. Редовниот внес на вода овозможува подобра функција на клетките, подобра концентрација и помала замореност, а често спречува и лажно чувство на глад.

Посебно внимание треба да се посвети и на изборот на вода. Таа ја препорачува Роса, вода со ниска минерализација и помалку натриум, бидејќи не го оптоварува бубрежниот систем и е погодна за сите возрасни групи. Според неа, важно е да се читаат етикетите и да се избира вода што одговара на потребите на организмот, наместо да се консумира произволно.

Како најважно, Спасовска истакнува дека хидратацијата треба да стане навика, а не реакција на жед. Денот треба да започнува со чаша вода, а внесот да биде рамномерно распределен, бидејќи водата игра клучна улога во метаболизмот, транспортот на хранливи материи и целокупниот енергетски баланс на организмот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс