Ново издание на Skopje Drum Festival во Младински Културен Центар 

Фестивалот е ретка можност да се доживее врвно тапанарско искуство одблизу, инспирирајќи искусни музичари, како и нови ентузијасти

На 3-ти ноември во Младински Културен Центар впо јубилеен петти пат ќе се одржи Skopje Drum Festival.

Фестивалот носи моќен спој на ритам и талент како единствен фестивал од овој карактер во државата. Со учество на реномирани тапанари, овој еднодневен настан ја слави уметноста на тапанот преку настапи во живо.

Фестивалот е ретка можност да се доживее врвно тапанарско искуство одблизу, инспирирајќи искусни музичари, како и нови ентузијасти.

Програма:

Настапи

  • Мајовци
  • Дарио Циевски
  • George Kollias (Грција)
  • Christin Neddes (Германија)

Изложба на рачно изработени инструменти од локални изработувачи

  • Сашо Стојановски // SS Custom Drums (Скопје)
  • Мулоски Handcraft (Прилеп)
  • Христијан Николовски Handcraft (Делчево)

Младински Културен Центар

�� 03.11.2024 – 17:00

Настанот е подрржан од: МКЦ, ДоРеМи, Focus Film, Амбасада на Грција во Скопје, Германска Амбасада во Скопје и брендот Meinl.

е-Трн да боцка во твојот инбокс