Новиот систем донесе хаос за влез во ЕУ и ова е само почеток

Новите процедури најмногу ги засегаат државјаните кои доаѓаат од земји надвор од Европската Унија, вклучително и од Македонија и регионот

Откако започна примената на новиот систем за евиденција на влез и излез (EES) започна и хаосот на граничните премини на земјите членки на ЕУ.

Новите процедури најмногу ги засегаат државјаните кои доаѓаат од земји надвор од Европската Унија, вклучително и од Македонија и регионот, каде што патниците сега се соочуваат со детални проверки и регистрација при секое преминување.

Тоа резултира и со конкретни примени на редици, гужви на граничните премини, но и пропуштени летови, како случајот во Милано каде од лет за Манчестер успеале да се качат само 34 патници од вкупно 156, додека останатите го пропуштиле летот поради долгите проверки.

По неколку часа се чекаше за влез во Хрватска од соседните БиХ, Србија и Црна Гора, каде на дел од патниците и покрај долгото чекање, на крајот не им бил одобрен влез во Хрватска.

Сепак, туристичките организации предупредуваат дека хаосот дополнително ќе се зголеми на почетокот на летната туристичка сезона.

Туристичкиот сектор предупредува дека комбинацијата од новите системи може да создаде дополнителен притисок врз инфраструктурата, особено во шпицот на сезоната кога бројот на патници е најголем.

Постојат и поделени мислења дека ситуацијата дополнително ќе се усложни со најавеното воведување на системот ETIAS, кој ќе бара задолжителна електронска дозвола за влез во Шенген зоната.

Овој систем ќе функционира како претходна проверка, а апликацијата ќе се пополнува онлајн пред патувања.

Неговата примена е предвидена да започне во последниот квартал од 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни