Нов лек за дијабетес тип 2, наречен Retatrutid, покажал значајни резултати во намалување на нивото на шеќер во крвта и телесната тежина, како и зголемување на потрошувачката на енергија во организмот, покажуваат нови студии пренесени од „Гардијан“.
Според клиничките испитувања, неделни инјекции на овој лек довеле до значително намалување на телесната тежина кај пациентите во споредба со плацебо групата, при што се бележи и подобрување на долгорочните вредности на шеќер во крвта (HbA1c). Во истражувањето учествувале 930 лица со дијабетес тип 2.
Retatrutid делува преку имитација на три цревни хормони кои ја регулираат контролата на апетитот, метаболизмот и шеќерот во крвта, што го разликува од постојните терапии како Ozempic и Mounjaro. Најчестите несакани ефекти биле благи до умерени гастроинтестинални симптоми, кои се намалувале со тек на време.