Протестот ќе започне во 12:05 часот од Градскиот парк и ќе продолжи до Општината и локалната канцеларија на МВР. Семејствата на настраданите ќе го изразат своето незадоволство од реакцијата на институциите, која според нив, била доцна и придонела за трагедијата во која загинаа 62 лица, а 193 беа повредени.
Според нив, по трагедијата не се преземени доволно мерки, а процесот на одговорност оди бавно. Дел од семејствата се чувствуваат изоставени од институционалните процеси и бараат транспарентност и вклучување во истрагата.
Во рамки на опсежната истрага, досега се опфатени десетици поранешни функционери, вклучувајќи министри, градоначалници и инспектори. Јавниот обвинител најави дека можно е да следуваат нови приведувања додека трае истрагата.