Ново заминување ја тресе безбедносната структура на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, откако секретарот за морнарица Вон Фелон ја напушти функцијата, соопшти Пентагон.
Станува збор за најнов во серијата заминувања на високи функционери во одбранбениот сектор. Само овој месец беше сменет и началникот на Генералштабот на копнената војска, додека во март оставка поднесе и првиот човек задолжен за борба против тероризмот.
„Му благодариме на секретарот Филан за неговата служба во Министерството за одбрана и во морнарицата. Му посакуваме успех во понатамошната кариера“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.
Функцијата привремено ќе ја преземе заменик-секретарот Ханг Као, кој ќе раководи со ресорот до назначување на нов лидер.
Кој е Џон Филан?
Филан дојде на чело на морнарицата без претходно воено искуство, како бизнисмен и инвеститор. Пред именувањето во март 2025 година, тој беше основач и претседател на приватната инвестициска компанија Роџер Менаџмент.
Познат е и како значаен донатор н а кампањата на Трамп, заедно со неговата сопруга, со која организирал и големи донаторски настани. Неговото име, пак, дополнително привлече внимание откако се појави на список на патници кои во 2006 година летале со приватниот авион на Jeffrey Epstein.
Заминувањето на Филан доаѓа во чувствителен момент, кога безбедносните и геополитичките тензии се во пораст, што отвора прашања за стабилноста на тимот задолжен за одбраната на САД.