Времето истекува за 14-годишната Нина: Потребни се 100.000 евра за операција што ќе ѝ ги олесни маките

Со години се бори со церебрална парализа, сколиоза и глауком, а за итна хируршка интервенција и спасување од секојдневните болки лекарите даваат рок од еден месец

Четиринаесетгодишната Нина ја води најтешката битка во својот живот, соочена со силни болки, компликации од претходни зафати и дијагноза на церебрална парализа. Покрај оваа основна состојба, кај неа со годините се развиле сколиоза и глауком. По последниот ортопедски преглед, лекарите предупредија дека е потребна итна сложена операција во рок од само еден месец, за која се неопходни 100.000 евра кои нејзиното семејство ги нема.

Дијагнозата и првите симптоми на церебрална парализа кај Нина биле забележани кога имала само две и пол години. Додека нејзините врстници проодувале и се играле во парк, за неа започнал долгогодишен процес на рехабилитација, физикални терапии и прегледи по болници.

На седумгодишна возраст, Нина заминала на операција во САД, каде што за првпат успеала да направи самостојни чекори. Сепак, напредокот застанал за време на пандемијата кога терапиите морале да бидат прекинати. Во меѓувреме, кај неа се развил глауком на очите, како и тешка форма на сколиоза, поради која со години носела заштитен корсет.

Во моментов, состојба е дополнително компликувана по неодамнешна итна операција. Според сведоштвото на нејзината мајка, Нина трпи напади на болка на секои две минути, кои предизвикуваат грчење на целото тело, а постоечката терапија повеќе не успева да ги ублажи симптомите.

По последните медицински прегледи, ортопедот констатирал дека состојбата е критична и оти единствено решение е нова хируршка интервенција. Лекарскиот тим посочува дека има рок од еден месец да се соберат потребните средства и да се изврши зафатот, со цел да се спречи дополнително влошување на нејзиното здравје.

Сумата од 100.000 евра ја надминува финансиската можност на семејството, поради што тие упатуваат апел до сите хумани граѓани, компании и институции за помош.

143 193 Македонски Телеком 

143 473 А1.

НЛБ банка: 210501724202015

Шпаркасе банка: 250500021369574

IBAN: MK07250080008236959

SWIFT: INSBMK22

е-Трн да боцка во твојот инбокс