Search

Независниот македонски краток филм „Мавера“ на Cinedays

На 12 јули во 20.30 часот, во Младинскиот културен центар во рамки на Cinedays, ќе биде прикажан независниот македонски краток филм „Мавера“.

,,Мавера е независен филм, го снимивме со сопствени средства, иако овој принцип на работа е многу тежок и навидум делува ограничувачки, на тимот кој што беше со мене тоа воопшто не им беше битно, тие ги овозможија сите можни услови за да се реализира овој филм. Многу сум среќен поради тоа што сите, неуморно, ми овозможија да снимам 14 дена краток филм, веројатно ова се случува прв пат кај нас, еден краток филм да се сними во толку многу денови. Но јас и мојот тим, одлучивме да покажеме дека ние не снимаме туку создаваме филм. Според мене сетоа ова е доказ дека независниот филм постои.” вели режисерот и продуцентот Батухан Ибрахим.Овој краток филм е независен, снимен без никаква надворешна или државна финансиска поддршка, а е во копродукција со Факултетот за драмски уметности во Скопје и Апофенија Пост.Двете сестри, Билјана и Вики, се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата Билјана ја сноси одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нејзиниот татко е починат. Минатата година, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм – “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“  беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand, вели режисерот и сценарист на филмот Батухан Ибрахим.

Продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. 

Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска – Костовска. 

Најново

Последни колумни