Ненадејно почина рускиот амбасадор во САД

Руското Министерство за надворешни работи ја потврди неговата смрт, но досега не ги објави причините или околностите

Рускиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Александар Дарчиев, почина ненадејно на 67-годишна возраст, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. Дарчиев имаше 66 години и беше амбасадор во Вашингтон од март 2025 година.

Руското Министерство за надворешни работи ја потврди неговата смрт, но досега не ги објави причините или околностите. Дарчиев голем дел од својата кариера го помина занимавајќи се со односите на Русија со САД и Канада.

Путин го назначи минатата година

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Дарчиев за амбасадор во Соединетите Држави на 6 март 2025 година, откако функцијата беше празна речиси пет месеци. Неговиот претходник, Анатолиј Антонов, го напушти Вашингтон во октомври 2024 година.

Дарчиев беше назначен во време на обиди за обновување на дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Американските власти претходно го одобрија неговото назначување за време на руско-американските разговори во Истанбул, каде што се разговараше за нормализација на работата на дипломатските мисии.

Кој беше Александар Дарчиев?

Дарчиев е роден на 14 мај 1960 година, а дипломирал историја на Московскиот државен универзитет во 1983 година. Тој бил докторски кандидат и истражувач во областа на американската политика, а работи во руската дипломатија од 1992 година.

Тој служел во руската амбасада во Вашингтон од 1997 до 2002 година и повторно од 2005 до 2010 година. Од 2014 до почетокот на 2021 година, тој бил руски амбасадор во Канада, а потоа директор на Одделот за Северна Америка на руското Министерство за надворешни работи.


Зборувал англиски и француски јазик, а за време на неговата дипломатска кариера добил руски државни одликувања, вклучувајќи ги Орденот за пријателство и Орденот за чест.

е-Трн да боцка во твојот инбокс