Песна против српскиот претседател одекнуваше низ Белград: Лијте кише, хладне воде, Вучиќ оде, Вучиќ оде…

„Lijte kiše, hladne vode, Vučić ode, Vučić ode“ – со овие стихови студенти и граѓани во Белград го пречекаа пристигнувањето на студентските колони од различни делови на Србија, во пресрет на завршниот предизборен собир на Студентската листа
FOTO: Masina.rs

Пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, на 21 октомври, голем број граѓани се собраа да ги пречекаат студентите кои со денови пешачеа од различни градови за да пристигнат во главниот град.

Познатата песна „Лијте кише, хладне воде“, во која оригиналниот стих гласи „драги оде“, доби нова политичка верзија. Собраните го заменија со „Вучиќ си оди“, претворајќи ја песната во порака насочена против српскиот претседател Александар Вучиќ.

Меѓу присутните бил и поранешниот српски кошаркарски репрезентативец Владимир Штимац, кој, според порталот Нова.рс, заедно со граѓаните ја пеел изменетата верзија на песната, со високо кренати три прста.

На пречекот пристигнаа студенти од Нови Сад, Заечар, Шабац, Ваљево и Горњи Милановац. Дел од нив пешачеа повеќе од 200 километри, а по патот им се придружуваа граѓани од други места.

Собирот пред Ректоратот беше увертира за завршниот предизборен митинг на Студентската листа „Студентите победуваат“, закажан за 22 октомври на плоштадот Славија.

Во Србија на 25 октомври ќе се одржат вонредни парламентарни избори, на кои студентското движење, произлезено од масовните протести по трагедијата во Нови Сад, за првпат ќе учествува со сопствена изборна листа.


Изменетите стихови од популарната песна станаа еден од препознатливите моменти на студентскиот пречек во Белград, во завршницата на кампањата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс