Search

Не ми е срам да кажам дека бев на „Срамота“ и уживав!

Вчера кино салата на МКЦ, Фросина беше полна до последното столче. Настанот „Срамота“, кој беше и последен во рамки на фестивалот „Викенд на гордоста“ ги собра поддржувачите на квир заедницата и им пружи едно неверојатно необично искуство преку една уникатна форма на раскажување на учесниците кои повеќе или помалку беа претставници на квир заедницата. ПичПрич дуото Румена Бужаровска и Ана Василева со нивниот необичен начин на модерирање на целиот настан придонесоа дополнително за атмосферата во Фросина.

„Срамота е токму начинот на којшто сите различности во едно општество се жигосуваат, начинот на коијшто тие се замолчуваат, начинот на којшто тие се угнетуваат. Точно срамот е користен против сите нас да не бидеме тоа што сме, да ја криеме нашата различност и така да не уништат. Ние решивме да го земеме срамот, да му плукнеме во лице, едноставно да го земеме во свои раце и да го земеме наративот да биде наш затоа што навистина не ни е срам“, кажа Румена на почетокот на настанот.

За таа цел раскажуваме приказни, а вечерва повикавме неколку осредни луѓе, раскажувачи да кажат по нешто, а за крај чуваме едно изненадување, а дали е изненадување се уште не знам, дополни Ана.

Е па не е, затоа што педери и лезбејки се најголемите алапачи што ги знам! Голем дел од вас знаат што е изненадувањето, ама некој од вас не знаат, дополни Румена по што присутните во салата громогласно се смееја.

Од најавените учесници не беше присутен само Ѕвездан Георгиевски од оправдани причини, ама останатите ги оставија гостите со подзинати усти.

Прва раскажуваше новинарката Милена Зајовац од Хрватска која беше навистина искрена до срж, пренесувајќи ја својата лична приказна и од што се и било срам , особено за време на нејзиното тешко детство живеејќи со татко алкохоличар, или погрубо пијаница, а потоа живеејќи и со очув кој немал никакво разбирање и сметал дека жената е домашно помагало. Ана Василева во хумористично сатиричен стил ја најави како претставник на една понапредна цивилизација затоа што Хрватска е земја од ЕУ а нејзиниот начин на раскажување е навистина со течна мисла, карактеристично за понапредните цивилизации. Во вториот наврат кога раскажуваше го сподели нејзиниот топ 5 на најсрамни ситуации кои публиката ја насмеаа од срце.

Соња Исмаил, позната скопска диџејка, беше втора раскажувачка која исто така сподели интимни и срамни моменти од нејзиниот живот. Тие се движеа околу нејзината националност за која вели дека често пати не знае што да одговори на бесмислените прашања што ги добива, Како тоа ти си Турчинка, а се викаш Соња? Како и околу улогата на мајка и нејзизиното менаџирање на двете улоги. Таа кажа за да стигне до чувството на срам, чувството на непријатност и требало помош од други луѓе, тоа чувство не било предизвикано лично од неа, туку од останатите.

Декаденца, драг кралицата, облечена како невеста за на свадба, смела во нејзиниот оутфит, меѓутоа смела и во раскажувањето споделувајќи неколку ситуации кога била одбиена од извесни симпатични момци.

И Катарина како за крај распали. Неочекувано од наш претставник, без никакви стеснувања и без влакна на јазикот, раскажа една срамна ситуација која и се случила пред 13 години во Лондон.

А изненадувањето беше филмско. Завесите се кренаа и публиката имаше можност да проследи еден музички перформанс на Кочо Андоновски, кој од 2005 година е прв јавно познат геј на нашите простори. Тој беше исто така облечен како дрег кралица и на песната од Ширли Бејси „History repeating“ ја крена атмосферата и цела публика на нозе.

По настанот гостите и учесниците продолжија да се журкаат надвор, на платото пред МКЦ, со диџеј сет на Ивана Драгшиќ.

Најново

Последни колумни