Мал трик што ја прави тестенината многу повкусна

Професионалните готвачи советуваат тестенината да се префрли директно во сосот, бидејќи водата од варењето содржи скроб што го прави сосот покремаст и повкусен.
Close-up of young happy woman eating pasta at dining table.

Подготовката на тестенини за многумина изгледа како рутина: се вари пастата, се носи тенџерето до мијалник, се цеди низ цедалка и потоа се меша со сос. Но, професионалните готвачи одамна користат поинаков метод — тестенината не ја цедат целосно, туку ја префрлаат директно од тенџерето во тавата со сосот.

Овој едноставен трик може значително да го подобри вкусот и текстурата на јадењето. Причината е водата во која се варела тестенината. Таа содржи скроб, кој помага сосот подобро да се поврзе со пастата и да стане покремаст, погуст и посвиленкаст.

Кога тестенината е речиси „ал денте“, доволно е со клешти, лажица или црпалка да се префрли директно во тавата со подготвениот сос. Малата количина вода што останува на тестенината не е проблем — напротив, токму таа го прави сосот подобар.

По потреба, може да се додадат уште неколку лажици од водата во која се варела пастата. Потоа сè кратко се меша на тивок оган, додека сосот рамномерно не ја обложи тестенината.

Освен што го подобрува вкусот, овој метод е и попрактичен. Нема носење тежок лонец со врела вода до мијалникот, се намалува ризикот од изгореници, а се валкаат и помалку садови.

Токму затоа готвачите често велат дека водата од тестенината не треба веднаш да се фрла. Таа е еден од наједноставните начини обичниот сос да стане погуст, посочен и многу повкусен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс