Пролетта носи подолги прошетки и повеќе време во природа, но и една непријатна закана – крлежите. За многумина тие се причина за грижа при секое излегување надвор, особено во висока трева или во двор. Сепак, еден едноставен трик што се прошири на социјалните мрежи последниве денови привлекува големо внимание.
Наместо скапи спрејови и хемиски средства, решението е изненадувачки едноставно, обична леплива лента. Идејата е да се постави двострана леплива лента околу долниот дел од ногавиците или врз чорапите. Така, крлежите што се обидуваат да се искачат нагоре остануваат залепени и не доаѓаат во контакт со кожата.
Фотографии што кружат на интернет, на кои се гледаат залепени крлежи на лентата, дополнително ја поттикнаа популарноста на овој трик. Дел од луѓето се воодушевени од неговата едноставност и ефективност, додека други велат дека ќе го испробаат при следното излегување во природа.
Она што го прави овој метод привлечен е неговата практичност не бара подготовка, не чини речиси ништо и може веднаш да се примени. Особено е корисен за работа во градина, планинарење или прошетки надвор од град.
Сепак, експертите предупредуваат дека ниту една метода не обезбедува целосна заштита. По секој престој на отворено, важно е внимателно да се прегледа телото. Доколку се забележи крлеж на кожата, треба да се отстрани правилно и навреме, бидејќи подолгото задржување може да го зголеми ризикот од инфекции.
Со комбинирање на вакви практични трикови и основни мерки на претпазливост, уживањето во природата може да биде значително побезбедно.