Луѓето ширум светот сакаат да го продолжат животот во добро здравје, но многумина сè уште не се свесни дека нивната крвна група може да игра улога во брзината на стареење.
Резултатите од ново истражување укажуваат дека лицата со крвна група Б може да стареат побавно, што отвори многу прашања за тоа што ја прави оваа група поразлична од останатите.
Разбирање на крвната група Б
Крвните групи се дефинираат преку специфични маркери на црвените крвни зрнца и антитела кои циркулираат низ крвотокот. Во ABO-системот, лицата со група Б имаат Б-антиген на своите црвени крвни зрнца и произведуваат антитела против А-антигенот.
Само околу 10% од светската популација припаѓа на оваа група. Научниците истражувале дали овој единствен маркер придонесува за поефикасен одговор на метаболичките промени, што би можело да им помогне на овие лица побавно да стареат, наведува National Library of Medicine.
Фактори на долговечност
Уште пред неколку децении, научниците почнале да ја истражуваат поврзаноста помеѓу крвните групи и животниот век. Една студија од Токио од 2004 година заклучи дека „крвната група Б може да биде поврзана со исклучителна долговечност“.
Некои експерти посочуваат дека таа група има поефикасни механизми за обновување и поправка на клетките, додека други сметаат дека нивните тела полесно поднесуваат метаболички стрес.
Научниците предупредуваат дека лицата со крвна група Б не се имуни на здравствени ризици. Истражувања покажале зголемена веројатност за кардиоваскуларни проблеми. Затоа, препорачливо е внимавање на исхраната, физичка активност и управување со стресот. Исто така, оваа група важи за емоционално почувствителна, па психолошката поддршка може да биде важна.
Истражувањата покажуваат дека стареењето не ги зафаќа сите органи еднакво. Едно големо истражување врз 5.000 волонтери анализирало 11 органи и 4.000 протеини во крвта за да ја утврди нивната биолошка старост.
Резултатите покажале дека околу 20% од луѓето имаат забрзано стареење барем на еден орган.
Иако ДНК-анализа е вообичаен метод за процена на стареење, крвта нуди полесен пристап и може да открие протеини што се поврзани со состојбата на различни органи. Вештачката интелигенција може да ги поврзе овие податоци и да предвиди кој дел од телото старее побрзо.
Самиот факт дека можете однапред да дознаете за ризик од заболување е привлечен, но може и да предизвика анксиозност. Стручњаците советуваат комбинирање на овие сознанија со превентивни мерки.
За лицата со крвна група Б, се препорачува посебно внимание на здравјето на срцето и емоционалната стабилност.
Иако статистиката е интересна, секојдневните навики имаат најголемо влијание. Урамнотежена исхрана, физичка активност, доволно сон и стабилни меѓучовечки односи се клучни за здраво стареење. Научниците охрабруваат секој што е љубопитен за сопственото стареење да ги разгледа сите можни фактори. Крвната група Б може да понуди дел од одговорот, но таа е само еден елемент од пошироката слика.
Истражувањето на Тони Вајс-Кореј покажува дека едноставно земање крв може да открие скриени промени во телото – што може да доведе до поцелен третман и подобар квалитет на живот во староста, се наведува во списанието Experimental Gerontology.