Радмила Шекеринска во интервју ексклузивно интервју за 4tv.mk реализирано на Самитот на НАТО во Анкара, Турција откри дека НАТО обезбедува 95% од воздушната одбрана на Украина. Алијансата гарантира 70 милијарди долари помош и воведува нов стандард од 5% од БДП за одбрана
Украина во голема мера ја темели својата одбрана врз поддршката од сојузниците во НАТО. Дури 95 проценти од клучната воздушна одбрана што ја штити земјата од руските ракетни напади е обезбедена преку директните програми на Алијансата, додека вкупниот удел на помошта од земјите-членки достигнува 99 проценти.
Радмила Шекеринска нагласи дека воената отпорност на Украина во голема мера зависи од логистичката и финансиската поддршка на партнерите.
На самитот во Турција беше потврдена воена помош од 70 милијарди долари за 2026 година, а истиот финансиски обем е планиран и за следната година.
Новата формула на НАТО: 3,5% за оружје и 1,5% за инфраструктура
Паралелно со поддршката за Украина, НАТО работи на зголемување на сопствените одбранбени капацитети. Новиот стандард предвидува земјите-членки да издвојуваат до 5 проценти од БДП за одбраната, што е значително повеќе од досегашната цел од 2 проценти.
Според новата формула, средствата се поделени:
- 3,5% од БДП за класична воена одбрана – вооружување, воена опрема и капацитети;
- 1,5% од БДП за пошироки безбедносни инвестиции – инфраструктура, сајбер безбедност, логистика и други критични системи.
Шекеринска посочи дека европските сојузници и Канада веќе ги зголемиле своите одбранбени буџети за околу 20 проценти за една година, што треба да покаже поголема поделба на товарот во рамките на Алијансата.
Зголемените издвојувања се дел од пошироката промена во безбедносната политика на НАТО, во услови на продолжување на војната во Украина, растечки геополитички тензии и потреба од модернизација на армиите на членките.