Украинските сили извршија нов напад со дрон врз логистичка инфраструктура во Русија, при што утрово беше погодено складиште на најголемата руска платформа за онлајн трговија „Вилдберис“ во градот Пенза. По ударот изби голем пожар во објектот, соопштија локалните власти во Пензенската Област.
Ударот врз објектот на „Вилдберис“ предизвика сериозна штета и пожар што го зафати складишниот комплекс. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат густ чад над индустриската зона во Пенза.
Ukrainian drones struck the Russian 90,000-square-metre Wildberries logistics hub in Penza overnight, around 600 km from the frontline. pic.twitter.com/A8BxHwScjO
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 30, 2026
Според информациите од регионот, локалните противпожарни екипи веднаш беа упатени на терен за справување со огнот.
Ова не е првпат објекти на најголемиот руски онлајн трговец да бидат мета или оштетени за време на воените дејствија.
Украинските сили во изминатиот период ги интензивираа нападите со беспилотни летала во длабочината на руската територија, таргетирајќи индустриски, логистички и енергетски објекти кои ја поддржуваат руската економија и воената логистика.