Повеќе од 10 отсто од луѓето во светот, особено на возраст меѓу 20 и 50 години, страдаат од мигрена. Иако не постои специфична исхрана која ги спречува симптомите, одредени намирници можат да го провоцираат нападот и да ги влошат тегобите, предупредува специјалисти за главоболки и неврологија.
Според клиничките испитувања, најчести прехранбени „окидачи” за мигрена се кофеинот и алкохолот, млечните производи, мононатриум глутаматот (засилувач на вкус присутен во преработена храна и грицки), нитратите кои се наоѓаат во колбаси и деликатесно месо, како и цитрусните плодови (портокал, лимон, лимета и грејпфрут). Исто така проблематични можат да бидат вештачките засладувачи, храната богата со тирамин, кромидот, оревите, ферментираната храна и глутенот.
Експертите препорачуваат на своите пациенти да водат дневник на главоболки, со кој полесно ќе ги идентификуваат личните предизвикувачи на мигрена, бидејќи не секоја намирница има ист ефект кај секој пациент.