Најави за ново намалување на цените на горивата: „Македонија има најевтини горива во регионот“

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека мерките за акцизи и ДДВ продолжуваат, а од следната недела се очекува дополнително поевтинување на горивата.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека од следната недела се очекува дополнително намалување на цените на горивата, при што Македонија, како што рече, останува меѓу земјите со најниски цени во регионот. Тој се повика на податоци од Меѓународен монетарен фонд, според кои земјата е високо рангирана во Европа по имплементација на мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Имаме убедливо најниски горива, кои се за 30% до 50% поевтини од оние во соседството,“ изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата продолжува со мерките за намалени акцизи и повластено ДДВ за горивата, со цел одржување на стабилни цени на пазарот. Според најавите, акцизите и понатаму ќе се пресметуваат врз основа на движењата на ценовниот индекс Platts FOB Italy, што ќе значи намалување од околу 2 денари по литар за бензин и околу 4 денари за дизел.

ДДВ-то за бензините останува на 10%, додека за дизелот останува на 18%. Владата очекува дека, со оглед на најавените промени на цените во соседните држави, од следната недела ќе има дополнително поевтинување.

„Очекувам од понеделник цените да бидат уште пониски, бидејќи и земјите од регионот ќе прават нови корекции,“ додаде премиерот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни