ФОТО: Наезда од стаорци околу Песталоци и ТЦ Буњаковец

Голем број стаорци и глувци се појавија на општинскиот паркинг меѓу трговскиот центар Буњаковец и училиштето, а граѓаните бараат итна реакција од надлежните.

Голем број стаорци и глувци се појавиле на општинскиот паркинг кој се наоѓа меѓу ТЦ „Буњаковец“ и ООУ „Ј. Х. Песталоци“ во Скопје. Револтираните граѓани споделија фотографии и реагираат на ваквата состојба во непосредна близина на основното училиште, барајќи итна реакција од надлежните служби за расчистување на проблемот.

На терен се забележани и живи и мртви глодачи на паркинг просторот, што предизвикува сериозна загриженост кај жителите и родителите чии деца се движат во овој дел од населбата.

Граѓаните апелираат институциите веднаш да преземат мерки за дератизација и чистење на локацијата со цел да се спречат ризиците по јавното здравје и хигиена.

Фотографиите објавени на Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ се направени вчера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс