Над 900 учесници од над 12 земји и експерти од Google DeepMind, LinkedIn и Tesla на E-commerce Conference 2026

Две сцени, повеќе од 30 говорници, 50+ партнери, практични сесии и можности за директно деловно поврзување ќе ја обединат регионалната e-commerce заедница на 9. Регионална конференција за е-трговија во Скопје

Скопје на 3 ноември повторно ќе биде центар на регионалната e-commerce сцена. Во Националната опера и балет ќе се одржи 9. Регионална конференција за е-трговија – E-commerce Conference 2026, под мотото „From Wait to Go: E-comm at AI Speed!“.

Овогодишното издание носи силна регионална и меѓународна димензија. Организаторите очекуваат над 900 учесници, повеќе од 30 говорници, 50+ партнери и претставници од повеќе од 12 земји, со што конференцијата продолжува да ја зацврстува својата позиција како една од водечките регионални платформи за е-трговија, дигитален бизнис и иновации.

Експерти од глобални компании и регионални лидери

Меѓу досега потврдените говорници се Јован Андонов, Senior Research Engineer во Google DeepMind; Амрита Лал, Senior Client Solutions Manager во LinkedIn; Andre Lopes, Senior Software Engineer во Tesla; Николај Зеневич, Group Head of Partner Ecosystem во Iute Group; Мирослав Варга, Martech Specialist во Escape Digital Agency; Борислав Вукојевиќ, Founder & AI Consultant во BoroGPT; Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, како и Aleksandar Ašković, YouTube Strategy and SEO Expert и CMO во Happy Seal.

Angel Angelovski photo

Различните профили на говорниците ја одразуваат и ширината на темите што ќе бидат опфатени – од најновите достигнувања во вештачката интелигенција и AI Shopping, преку дигиталниот маркетинг и SEO, до партнерствата, корисничкото искуство и можностите за регионален раст.

Од AI Shopping до новата генерација на е-трговија

Мотото „From Wait to Go: E-comm at AI Speed!“ ја опишува главната промена со која се соочува е-трговијата. Вештачката интелигенција веќе го менува начинот на кој корисниците пребаруваат, избираат и купуваат, но и начинот на кој компаниите ги привлекуваат и задржуваат своите клиенти.

Една од темите што се наметнува како следен голем чекор е AI Shopping. Ако досега компаниите се натпреваруваа кој ќе се појави повисоко во резултатите на пребарувачите, сè поважно станува прашањето како еден бренд ќе биде препознаен и препорачан од AI систем кога корисникот бара производ.

Конференцијата ќе ги опфати и генеративната AI, AI агентите, дигиталниот маркетинг, YouTube и видео стратегиите, SEO, персонализацијата, customer experience, дигиталните плаќања, партнерските екосистеми, автоматизацијата, e-commerce технологиите и можностите за регионално и cross-border ширење на бизнисите.

Фокусот нема да биде само на новите технологии, туку и на нивната практична примена – како компаниите можат да ги претворат во подобро корисничко искуство, поголема ефикасност, нови продажни канали и реална конкурентска предност.

Две сцени за идеи, знаење и практична примена

Програмата ќе се одвива на две сцени, со различен пристап кон содржината.

Главната сцена ќе ги донесе најважните трендови, визионерски предавања, презентации и дискусии за иднината на дигиталната трговија, додека Hands-on Stage ќе биде фокусирана на практични сесии, алатки, стратегии и конкретни примери кои учесниците можат да ги применат во своето работење.

Токму комбинацијата на визија и практично знаење треба да им овозможи на учесниците не само да разберат што доаѓа, туку и да добијат идеи како да реагираат на промените што веќе се случуваат.

Регионалниот e-commerce екосистем на едно место

На конференцијата ќе се сретнат претставници на e-commerce брендови и retailers, агенции, fintech и payment компании, технолошки компании и платформи, како и стартапи.

За нив конференцијата ќе биде можност за споделување искуства, следење на најновите трендови и воспоставување нови деловни контакти со компании и професионалци од Македонија и регионот.

Посебен дел од искуството ќе биде EcommConf мобилната апликација, преку која учесниците ќе можат да ги пронајдат релевантните контакти и да закажат 1-на-1 состаноци пред и за време на конференцијата. За овие средби ќе биде обезбедена и посебна Meeting Zone, наменета за фокусирани деловни разговори.

Дополнително, конференцијата ќе понуди и VIP Networking Reception, како и Exclusive Conference Afterparty, со што ќе се создадат дополнителни можности за поврзување и размена на идеи.

Регионална конференција со докажана публика

Со повеќе од 900 очекувани учесници и претставници од над 12 земји, E-commerce Conference 2026 ја потврдува својата амбиција да биде регионална платформа за развој на дигиталниот бизнис.

Досегашните изданија имаат просечна оценка од 4,62 од 5, а 93 отсто од посетителите би ја препорачале конференцијата, што покажува дека настанот веќе има изградено силна заедница и препознатливост меѓу професионалците од индустријата.

Деветтото издание на конференцијата се реализира со поддршка на компанијата Visa како платинум партнер, КаСис како стратешки партнер, Иуте Македонија како fintech партнер, Комерцијална банка и Халкбанк како сребрени партнери, Минт, Сава Осигурување, Унибанка, Евроинс и РСМ како бронзени партнери, како и бројни други партнери и соработници.

Пријавувањето за E-commerce Conference 2026 е во тек, а повеќе информации за конференцијата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: ecommerceconference.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс