„Лолита“ го направи Набоков бесмртен и бескрајно контроверзен

Набоков е руски аристократ, американски професор, ловец на пеперутки и автор на најпродискутираниот роман на 20 век. На 2 јули 1977 почина во хотелска соба во Монтро, Швајцарија

Владимир Набоков е роден на 22 април 1899 година во Санкт Петербург, Русија, а починал на 2 јули 1977 година во Монтро, Швајцарија. Причина за смртта била бронхијална конгестија предизвикана од тешка пневмонија. Имал 78 години.

Аристократ во егзил

Набоков зборувај три јазици од мала возраст: руски, англиски и француски. Неговото семејство по По Руската револуција изгубиле сè. Во мај 1940 година, Набокови побегнале пред германскиот напад и стигнале до Соединетите Американски Држави.

Од 1948 до 1959 година, Набоков бил професор по руска литература на Универзитетот Корнел. Паралелно бил и ентомолог: ги класифицирал неколку видови пеперутки, а еден вид го носи неговото име и денес. Пишувал романи на картончиња, по параграфи, па потоа ги ставал во ред. Биле потребни стотици картончиња за еден роман

„Лолита”: Романот кој никој не сакал да го објави

Набоков започнал да ја пишува „Лолита” во 1948 година, голем дел додека патувал низ Соединетите Американски Држави со сопругата Вера и синот Дмитри. „Лолита” беше неговата прва книга на англиски јазик и тој честопати велел дека е неговото најдобро дело, иако за малку ќе ја изгорел во градинарски шпорет. Вера го запрела.

Во 1954 година почнал да ја нуди на издавачи, но ракописот постојано бил одбиван. Во писмото за одбивање, претставник на Viking Press напишал: „Сите ќе одиме во затвор ако тоа се објави.” Набоков самиот се плашел дека може да биде уапсен поради обвинение за инценост или да го изгуби предавачкото место на Корнел, па инсистирал романот да излезе под псевдоним.

Книгата конечно ја прифатила „Олимпија прес” во Франција, издавачка куќа позната по еротски и порнографски наслови, иако Набоков за тоа не знаел. „Лолита” излегла на англиски во 1955 година, а првиот тираж од 5.000 примероци веднаш се распродал.

Распределбата стана нелегална во Франција, Велика Британија, Канада, Аргентина, Нов Зеланд и Јужна Африка. Контроверзноста ја направи книгата позната, а во 1958 американскиот издавач G.P. Putnam’s Sons ја издал во САД. Веднаш стана бестселер: во prvите три недели биле купени над 100.000 примероци. До денес, „Лолита” продала повеќе од 50 милиони примероци.

Зошто дебатата за „Лолита” не завршила?

„Лолита” е роман во кој нараторот и протагонист е педофил кој ја виктимизира 12-годишно девојче по име Долорес Хејз. Хумберт Хумберт станува нејзин очув и ја романтизира сопствената опсесија. Во романот нема невина перспектива: читателот добива само глас на насилникот, со целата негова реторика, убавина и самооправдување.

Многу критичари го опишуваат Хумберт како силувач. Во книгата „Читање Лолита во Техеран”, Азар Нафиси го употребува токму тој термин, иако во прегледот на критичарите Елизабет Патное забележува дека другите тумачи на романот биле воздржани да го користат. Дебатата не е јазична: таа е за тоа колку убавината на прозата може или не смее да биде штит за содржината.

Откако „Лолита” излегла, шпекулациите за Набоков и педофилијата почнале да се јавуваат кај критичарите. Во 1990 година, психијатарот Брендон Сентервол во Texas Studies in Literature and Language го објавил директното обвинение. Набоков никогаш не се произнел директно. Она што останало неспорно: „Лолита” е на четврто место на листата на 100 најдобри романи на 20 век на Modern Library. Таа е присутна на листите на Time, Le Monde и десетици национални канони.

Набоков во предговорот на „Силни ставови”, неговата архива на интервјуа, напишал: „Мислам како гениј, пишувам како одличен автор, зборувам како дете.” Живеел во хотел во Монтро без да купи куќа. Пишувал до крај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс