Дел од корисниците во Карпош и Центар денес, 25 август, ќе имаат прекини во водоснабдувањето, а дел од Карпош ќе остане и без електрична енергија. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во Козле, поради изведување водоводен приклучок на улица 2 бр. 2, без вода од 09:00 часот до завршување на работите ќе останат корисниците на улица 2 и дел од улицата „Козле“, висока зона.
Во општина Центар, поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мирче Ацев“ бб, прекин во водоснабдувањето од 08:30 часот до завршување на санацијата ќе имаат корисниците од делови на улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен и во Карпош. Според информациите од ЕВН Македонија, поради исклучување на нисконапонски извод од електроразводен ормар за поставување нов нисконапонски приклучок, дел од корисниците ќе останат без струја од 10:00 до 15:00 часот.
Граѓаните од овие делови на Скопје се советуваат навреме да ги преземат потребните мерки и да го имаат предвид времетраењето на најавените прекини.