Скопје се подготвува за еден од најемотивните настани ова лето. На 17 август, со почеток во 18:00 часот, во Градскиот парк на Школка, ќе се одржи јавниот инклузивен роденден на Леон дете со аутизам, кој цели десет години ги дочекуваше своите родендени со празни столчиња, а најголема поддршка му беше неговиот дедо.
„Денес дедото повеќе не е меѓу нас, но останува неговата љубов. Останува и ветувањето дека Леон никогаш повеќе нема да биде сам.
Овој роденден не е само прослава. Тој е повик до целото општество да покаже дека различноста не разделува туку нè прави подобри луѓе. Затоа ова не е само покана за присуство. Ова е покана да бидеме генерацијата што ќе покаже дека во Македонија има место за секое дете затоа што кога едно дете ќе биде прифатено, победува целото општество“ велат неговите родители.
Настанот е поддржан од Град Скопје, компании и фризички лица.