Мохамед Салах испиша историја на Светското првенство: собори рекорд стар повеќе од 90 години

Капитенот на Египет, Мохамед Салах, стана најдобар стрелец на својата земја на Светските првенства, надминувајќи рекорд стар 92 години.
epaselect epa13055648 Mohamed Salah of Egypt in action during the FIFA World Cup 2026 group stage match New Zealand against Egypt, in Vancouver, Canada, 21 June 2026. EPA/BOB FRID

Капитенот на египетската репрезентација, Мохамед Салах, испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал откако на натпреварот против Нов Зеланд на Светското првенство постави нов национален рекорд што опстојуваше повеќе од девет децении. Салах на мундијалот во САД, Канада и Мексико пристигна со два постигнати гола на Светските првенства, двата од турнирот во Русија во 2018 година. Тогаш тој беше единствениот стрелец за Египет во поразите од домаќинот Русија и Саудиска Арабија.

Со тие два погодоци беше израмнет со легендарниот Абделрахман Фаузи, кој во 1934 година на Светското првенство во Италија ги постигна двата гола за Египет во поразот од Унгарија со 4:2. Сепак, дуелот против Нов Зеланд донесе историски момент. Салах постигна гол со кој го комплетираше пресвртот на својата селекција и стигна до вкупно три погодоци на мундијалите.Со тоа официјално стана најдобар стрелец на Египет во историјата на Светските првенства, надминувајќи го рекордот на Фаузи кој траеше цели 92 години.

Новиот подвиг дополнително го зацврсти статусот на Салах како еден од најголемите фудбалери во историјата на Египет и еден од најважните играчи што некогаш ја носеле националната репрезентативна опрема.

е-Трн да боцка во твојот инбокс