Станува збор за олд скул документарец направен без наратор, без музика и без разлепување на кадрите, каде што фокусот е ставен директно на приказните и соговорниците.
„Направивме олд скул документарец, без наратор, без разубавени кадри, без музика – суров, директен, лице в лице. Најважни се приказната, темата и соговорниците“, вели Манчевски.
Манчевски во интервјуто отворено говори за опструкциите со кои се соочувал при неговото филмско творештво. Поради незаконско запирање на неговите проекти, тој ја тужеше Агенцијата за филм и доби две судски пресуди кои потврдија дека институцијата наместувала конкурси и работела во судир на интереси.
Овие наводи за неправилности во филмскиот сектор добија поддршка и од неколку релевантни институции. Меѓу нив се Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Транспаренси Интернешнл и Министерството за култура. Во моментов се покренати пет кривични пријави за злоупотреби во филмската индустрија.
Насловот „Добри луѓе“ произлегува од желбата на режисерот да ги стави во преден план обичните луѓе и нивното достоинство во најтешките моменти. Наместо да се занимава со политичките или системските неуспеси што доведоа до трагедијата, филмот им дава простор на преживеаните и семејствата на жртвите да ги искажат своите емоции и болка.
Паралелно со овој проект, Манчевски го подготвува и играниот филм „Сестра, брат и шахта“, кој е поддржан од Венецијанскиот филмски фестивал. Станува збор за црна комедија чија премиера се очекува на еден од фестивалот од А-категорија.