Шпанскиот фудбалски репрезентативец Родриго Ернандез Касканте, познат како Родри, ги замени фудбалските терени со природните убавини на Црна Гора. По освојувањето на светската шампионска титула со Шпанија, тој замина на одмор со својата долгогодишна партнерка Лора Иглесијас, а посетата на познати туристички локации веднаш привлече внимание кај локалните фанови и туристите.
За време на престојот, Родри и Лора го посетија Националниот парк Ловќен. Парот се возеше со жичарата што ги поврзува бреговите на Которскиот залив со планинските врвови. Пристигнувањето на светскиот првак предизвика интерес кај присутните туристи и љубители на фудбалот, кои искористија можност да побараат автограми и да се фотографираат со познатиот спортист.
Освен Ловќен, парот престојуваше и во Еко селото Невидио. Домаќините на објектот споделија заедничка фотографија на социјалните мрежи, изразувајќи благодарност што фудбалерот го избрал токму нивниот комплекс за одмор. Според нивните информации, гостите уживале во природниот амбиент и мирната атмосфера.
И покрај светската слава на Родри, парот успева да го зачува приватниот живот од медиумскиот притисок. Нивната врска започна во 2016 година на Универзитетот „Жауме Први“ во Кастелон, каде што Родри студираше деловна администрација и економија. За разлика од вообичаениот профил на партнерки на познати фудбалери, 28-годишната Лора моментално е посветена на студиите по медицина и својата специјализација по хирургија.