Мета влегува во трката за вештачка интелигенција: Претставен нов бизнис агент

Мета рече дека повеќе од еден милион компании веќе користат постари верзии на нивните деловни чет-ботови со вештачка интелигенција 

Американската технолошка компанија „Мета Платформс“ денес претстави нов систем за вештачка интелигенција наменет за деловни корисници.

Новиот „бизнис агент“, претставен на конференцијата Conversations во Лондон, им овозможува на компаниите да ги автоматизираат секојдневните активности како што се комуникација со клиенти, закажување состаноци, обработка на нарачки и реализација на продажба преку апликациите WhatsApp , Messenger и Instagram , објави Ројтерс.

Мета рече дека повеќе од еден милион компании веќе користат постари верзии на нивните деловни чет-ботови со вештачка интелигенција , додека новата генерација алатки ќе им биде достапна на бизниси од сите големини ширум светот.

Според компанијата, бизнис агентот може да одговори на барања од корисници, да обезбеди информации за производи и услуги, да идентификува потенцијални клиенти и да препраќа посложени барања до вработените.

Во исто време, беше претставена нова платформа што им овозможува на компаниите да развиваат свои агенти за вештачка интелигенција и да ги поврзат со други деловни системи, вклучувајќи платформи за електронска трговија и поддршка на клиенти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс