Меркур во Рак носи емоционални пресврти: Еден знак го чека голема љубов, друг важна животна одлука

Астролошкиот транзит на Меркур во Рак до 9 август 2026 носи емотивни разговори, враќање на минатото и важни одлуки донесени повеќе со срце отколку со разум.

Меркур, планетата која според астрологијата управува со комуникацијата, мислите и одлуките, влезе во водениот и емотивен знак Рак, каде ќе остане до 9 август 2026 година. Овој астролошки транзит, како што наведуваат астролозите, носи засилени разговори, враќање на минатото, семејни теми и одлуки кои се донесуваат повеќе со емоции отколку со логика.

Особено интензивен период се очекува по 29 јуни, кога Меркур ќе започне ретрограден движење, што често се поврзува со враќање на стари теми, нерешени односи и ситуации кои повторно излегуваат на површина.

Емоциите го преземаат водството

Додека Меркур бил во рационалниот знак Близнаци, одлуките се носеле врз основа на логика и факти. Со влегувањето во Рак, ситуацијата се менува – интуицијата и чувствата стануваат доминантни. Многу луѓе, според астролошките толкувања, ќе се навратат на семејни теми, детство, поранешни љубови и луѓе кои оставиле силен емотивен печат. Разговорите стануваат подлабоки и поискрени, а интуицијата значително засилена.

Почеток на јуни носи претпазливост

Иако периодот носи емотивна отвореност, почетокот на јуни се смета за чувствителен поради аспектите на Меркур со Нептун и Сатурн, кои можат да донесат недоразбирања, погрешни проценки и соочување со реалноста и обврските.

Астролозите советуваат важните одлуки да не се носат набрзина и без проверка на сите факти.

Ретрограден Меркур и враќање на минатото

Од 29 јуни започнува ретроградниот Меркур, период кој традиционално се поврзува со враќање на минатото, стари контакти, нерешени односи и повторно отворање на затворени животни поглавја.

За многумина, ова може да биде шанса да ги преиспитаат старите одлуки и да затворат емоционални циклуси.

Кои знаци ќе бидат најпогодени

Раковите ќе бидат во фокусот и ќе имаат можност да изразат долго потиснати емоции. Шкорпиите и Рибите ќе почувствуваат засилена интуиција и креативност, додека Биковите и Девиците ги очекуваат важни информации и разговори.

Вагите можат да очекуваат нови деловни можности, а Јарците важни одлуки во партнерствата. За Стрелците клучна тема ќе биде довербата, додека Лавовите ќе бараат одговори преку повлекување и интроспекција.

Астролошкиот период не бара брзина и надворешен успех, туку пауза, размислување и слушање на внатрешниот глас. Според астролошките толкувања, ова е период на важни емоционални сознанија, разговори што можат да ги променат односите и одлуки што долгорочно ќе влијаат на животниот пат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс