Со настапите на Пајак, групата Зијан и Слаткаристика, вчеравечер во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на МЕГА Шопинг Парк. Настанот, кој во изминатите денови понуди музика, детска програма и содржини за различни генерации, привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот.
Финалната вечер помина во знакот на домашната музичка сцена. Пајак и Слаткаристика донесоа енергија за помладата публика, додека групата Зијан, како локални рок легенди, го поврза настанот со гевгелиската музичка меморија. Така, последната вечер од отворањето доби генерациски карактер, од публика што растела со Зијан, до млади што ги следат новите имиња на македонската сцена.
Паралелно со вечерната програма, во текот на денот беа организирани и активности за најмладите. Во детскиот дел учествуваа „Фамилија 5+“, „Патролни шепи“ и професионални аниматори, со што отворањето беше замислено не само како комерцијален настан, туку и како семејна програма за посетителите.
МЕГА Шопинг Парк се простира на површина од над 20.000 квадратни метри и вклучува неколку функционални зони. Fashion секторот зафаќа 12.000 квадратни метри, а во рамки на комплексот се предвидени и делови за Home Decor и DIY, како и Gourmet Avenue.
Објектот е изграден според современи Smart & Eco стандарди, со инфраструктура за електрични возила и решенија насочени кон еколошка одржливост. Со тоа, МЕГА Шопинг Парк се позиционира како нова регионална дестинација за пазарување, социјализација и семејни содржини.
Отворањето на комплексот се претставува и како значаен чекор за развојот на Гевгелија, особено поради неговата близина до регионалните правци и потенцијалот да привлече посетители не само од градот, туку и од поширокиот јужен регион и соседството.