Мечка угинала откако вчера вечер била удрена од автомобил на автопатот Скопје–Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, автомобилот го управувал возач од Гостивар, кој ја прегазил мечката на автопатот. Животното починало од силината на ударот.
Настанот повторно го отвора прашањето за безбедноста на дивите животни во близина на сообраќајниците и ризиците од нивното излегување на патиштата.
