Мбапе на чекор до „Златната копачка“: Само Меси може да му го одземе признанието

Французинот го заврши настапот со 10 гола, а Лионел Меси има последна шанса во финалето против Шпанија да го стигне или надмине.
epa13087899 Kylian Mbappe of France celebrates scoring the 0-1 goal during the FIFA World Cup 2026 Round of 16 match Paraguay against France, in Philadelphia, Pennsylvania, USA, 04 July 2026. EPA/WILL OLIVER

Килијан Мбапе е најблиску до освојување на признанието за најдобар стрелец на Светското првенство 2026. Францускиот напаѓач постигна два гола во натпреварот за третото место против Англија и го заврши Мундијалот со вкупно 10 погодоци.

Единствениот фудбалер што сè уште може да го загрози е капитенот на Аргентина, Лионел Меси, кој пред финалето против Шпанија има осум голови. Тоа значи дека на аргентинската легенда ѝ се потребни најмалку два гола за да се израмни со Мбапе, а три за самостојно да ја освои „Златната копачка“.

Во пресрет на финалето, листата на најдобри стрелци изгледа вака:

  • Килијан Мбапе (Франција) – 10 голови
  • Лионел Меси (Аргентина) – 8
  • Ерлинг Халанд (Норвешка) – 7
  • Џуд Белингем (Англија) – 7
  • Хари Кејн (Англија) – 6
  • Осман Дембеле (Франција) – 6
  • Микел Ојарзабал (Шпанија) – 5

Покрај битката за најдобар стрелец на турнирот, Мбапе веќе испиша историја и на вечната листа на голгетери на Светските првенства. Со двата гола против Англија стигна до вкупно 22 погодоци на Мундијалите и стана нов рекордер, надминувајќи го Лионел Меси, кој моментно има 21.

Актуелната листа на најдобри стрелци во историјата на Светските првенства изгледа вака:

  • Килијан Мбапе (Франција) – 22 гола
  • Лионел Меси (Аргентина) – 21
  • Мирослав Клосе (Германија) – 16
  • Роналдо (Бразил) – 15
  • Герд Милер (Германија) – 14
  • Хари Кејн (Англија) – 14
  • Жист Фонтен (Франција) – 13
  • Пеле (Бразил) – 12

Финалето меѓу Аргентина и Шпанија ќе одлучи дали Мбапе ќе ја задржи титулата најдобар стрелец на турнирот или Меси ќе приреди уште едно историско достигнување во својата богата кариера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс