„Мато Наполетано“ во трка за најдобра пицерија во светот!

Пицеријата „Мато Наполетано“ е сертифицирана од Здружението на вистинската наполитанска пица и е македонски претставник во меѓународниот избор. Гласањето трае до 27 ноември.

Македонска пицерија „Мато Наполетано“ се најде во меѓународниот избор за најдобра пицерија сертифицирана од Здружението на вистинската наполитанска пица (АВПН). „Мато Наполетано“ е македонскиот претставник во изборот, а поддршката од публиката може да придонесе за нејзиниот успех. Гласањето трае од 16 до 27 ноември.

Од пицеријата велат дека учеството во изборот е големо признание, особено ако се земе предвид дека доаѓаат од Македонија, пазар што е значително помал во споредба со оние на многу други земји.

„Самото присуство на македонска пицерија во изборот за најдобра АВПН-пицерија во светот е значајно не само за нас, туку и за локалната заедница и промоцијата на Македонија“, велат од „Мато Наполетано“.

Како може да се гласа?

Поддршката за македонската пицерија може да се даде преку нејзиниот профил на Инстаграм. Постапката е едноставна:


  1. Посетете го профилот на „Мато Наполетано“ на Инстаграм.
  2. Отворете го првиот линк во описот на профилот.
  3. Во полето „Plaque number“ внесете го бројот 1234 и пополнете ги бараните податоци.

Учеството на „Мато Наполетано“ е можност македонската гастрономска сцена да добие поголема меѓународна видливост, а локален угостителски бренд да се претстави пред поширока публика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс