Матине дружење со диџеј сет на Димитар Османли во МСУ

Со кустос водичот Бојана Јанева ќе можат да се погледнат четирите новоотворени изложби: Самостојна изложба на светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски, самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ и изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ – Скопје“

Во сабота на 19 октомври во 12 часот, во Музејот на современ ауметност ќе се одржи МСУ водич и како пропратен настан Матине дружење со диџеј сет на Димитар Османли. Со кустос водичот Бојана Јанева ќе можат да се погледнат четирите новоотворени изложби:

Самостојна изложба на светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… Дан Пержовски со уметничкиот проект „Обновени вести“, а Лиа Пержовски со „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ Кураторка е Мира Гаќина.

Самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници – „Будења“. Серхат Емрулаи со инсталацијата „Се селиме на нова локација“ Наџа Крачуновиќ со самостојната изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“
Куратори на изложбите се: Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

И изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ – Скопје“ (која ќе биде отворена од 15 октомври за посетители) Kуратори се: Владимир Јанчевски, Благоја Варошанец и Ива Димовски. Јулија Манојлоска, Јадранка Милчовска, Љупчо Иљовски и Нада Прља, исто така, се дел од тимот на МСУ кои работеа на оваа изложба и на каталогот.

Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан МСУ организира Матине со диџеј сет на Димитар Османли – Рули.

Настанот се реализира со поддршка на пријателот на МСУ – Тиквеш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс