Над 25.000 заразени во САД: Ајсберг зелената салата меѓу можните извори на опасната бактерија

Американските здравствени власти истражуваат голема епидемија на инфекции со бактеријата ешерихија коли (E. coli), во која досега заболеле повеќе од 25.000 луѓе. Меѓу производите што се испитуваат како можен извор на заразата е и ајсберг зелената салата.

Американските здравствени власти предупредуваат дека земјата се соочува со најголемата досега епидемија на циклоспоријаза, паразитска инфекција која предизвикува тешка дијареја, грчеви, гадење и силна исцрпеност.

Според последните податоци, регистрирани се повеќе од 25.000 потврдени и сомнителни случаи на инфекција низ десетици американски сојузни држави. Само официјално потврдените случаи се бројат во илјадници, а здравствените власти очекуваат бројката дополнително да расте бидејќи лабораториската потврда на инфекцијата може да трае и неколку недели. 

Истрагата на американската Администрација за храна и лекови (FDA) и Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) покажува дека еден од главните извори на заразата е ајсберг зелената салата увезена од Мексико. Поради тоа беше повлечена од пазарот зелена салата на компанијата „Taylor Farms de Mexico“, а препораката е потрошувачите веднаш да ги фрлат повлечените производи и да не ги консумираат. 

Заразата е поврзана и со синџирот ресторани Taco Bell, каде епидемиолошките анализи покажале дека голем број заболени консумирале производи што содржеле рендана ајсберг зелена салата. Компанијата соопшти дека престанала да користи производи од спорниот добавувач веднаш по објавувањето на предупредувањето. 

Циклоспоријазата ја предизвикува паразитот Cyclospora cayetanensis, кој најчесто се пренесува преку загадена храна или вода. Болеста не се пренесува директно од човек на човек. Симптомите најчесто се јавуваат неколку дена до две недели по изложувањето и вклучуваат воденеста дијареја, болки во стомакот, губење на апетитот, надуеност, замор, гадење и понекогаш покачена температура. Без соодветен третман, симптомите можат да траат со недели и повторно да се појавуваат. 

Американските власти потврдија дека во рамките на епидемијата се регистрирани и смртни случаи кај лица со сериозни претходни здравствени проблеми, кај кои инфекцијата и дехидратацијата дополнително ја влошиле здравствената состојба. 

Истрагата продолжува, а FDA и CDC предупредуваат дека бројот на заболени најверојатно ќе продолжи да расте додека не бидат идентификувани сите случаи и целосно отстранети контаминираните производи од пазарот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс