Бриселскиот Манекен Пис во македонска народна носија за Денот на независноста

Амбасадата на Северна Македонија ја одбележува годишнината од независноста со подарување нова носија на Манекен Пис

Познатата статуа Манекен Пис, еден од најпрепознатливите симболи на Брисел, беше облечена во македонска традиционална носија по повод годишнината од независноста на Македонија.

„Амбасадата на Северна Македонија ја одбележува годишнината од независноста со подарување нова носија на Манекен Пис“, се наведува во објавата на официјалниот гардеробер на статуата.

На фотографијата Манекен Пис е прикажан во богато украсена народна носија во црвена, бела и црна боја, дополнета со традиционални орнаменти.

Новата носија ќе стане дел од богатата колекција на Манекен Пис, која содржи стотици костими подарени од држави, организации и здруженија од целиот свет.

Облекувањето на познатата бриселска статуа во национални носии претставува долгогодишна традиција со која се одбележуваат државни празници, културни настани и значајни годишнини.

Овојпат, македонската традиција беше претставена во центарот на белгиската престолнина токму по повод 8 Септември – Денот на независноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс