Макрон до Црна Гора: Имате поддршка за последната рунда преговори со ЕУ

Милатовиќ изјави дека денес, кога Црна Гора е најблиску до членство во ЕУ, поддршката на Франција е од голема вредност, додавајќи дека целта на земјата е да биде следниот член на таа заедница во 2028 година

Франција стои зад Црна Гора и продолжува да ја поддржува во последната фаза од процесот на пристапување кон Европската Унија (ЕУ), изјави вчера од Цетиње францускиот претседател Емануел Макрон , кој беше во официјална посета на Црна Гора.

Ова е прва посета на француски претседател на Црна Гора во нејзината историја, поради што црногорските власти особено го нагласија значењето на доаѓањето на Макрон.

„Ова е голем ден за Црна Гора и француско-црногорското пријателство“, рече шефот на државата Јаков Милатовиќ , кој одржа прес-конференција со Макрон во Цетиње.

Милатовиќ рече дека односите меѓу двете земји имаат длабочина што не се мери само со дипломатскиот календар.

„Дипломатските односи меѓу нашите земји беа воспоставени веднаш по признавањето на Црна Гора на Берлинскиот конгрес (во 1878 година). Франција беше меѓу првите што ја признаа независноста на Црна Гора“, се присети тој.

Милатовиќ изјави дека денес, кога Црна Гора е најблиску до членство во ЕУ, поддршката на Франција е од голема вредност, додавајќи дека целта на земјата е да биде следниот член на таа заедница во 2028 година и изразувајќи увереност дека оваа цел наскоро ќе се постигне со поддршката на Франција.

Макрон рече дека Црна Гора успеала да заврши одлична работа во преговорите со ЕУ, велејќи дека верува во обединувањето на Европа.

„Мислам дека ова е одлична можност за регионот на Западен Балкан и за цела Европа“, рече тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс