Македонски Телеком ја започна 2026 година со раст на корисници и нови инвестиции

Компанијата бележи раст на приходите, корисничката база и инвестициите во 5G и оптичката инфраструктура.

Македонски Телеком го заврши првиот квартал од 2026 година со раст на бројот на корисници, зголемени приходи и нови инвестиции во мрежната инфраструктура.

Вкупните капитални инвестиции на крајот на првиот квартал изнесуваат 411 милиони денари. Компанијата бележи раст на приходите од продажба од 5,8 проценти, додека оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација е зголемена за 2,8 проценти. Нето добивката е повисока за 0,6 проценти во споредба со истиот период лани.

Компанијата повторно ја освои Ookla наградата за најдобра мрежа во Македонија, врз основа на мерењата за втората половина на 2025 година. Македонски Телеком е оценет како најдобар во пет категории: најбрза мобилна мрежа, најбрза фиксна мрежа, најдобро мобилно видео искуство, најдобро мобилно гејминг искуство и најдоследна мобилна мрежа.

Покриеноста со 5G мрежа достигнува 97 проценти од населението, а компанијата продолжува да го зголемува и оптичкото покривање, со 377 илјади пристапи до оптика. Тоа, според компанијата, е речиси двојно повеќе од сите останати оператори на пазарот заедно.

Раст е забележан и кај корисниците. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и достигна 226,5 илјади, додека мобилната корисничка база порасна за 1,9 проценти, на 1,284 милиони корисници.

Во фиксната телефонија Македонски Телеком има 239 илјади корисници, а на ТВ пазарот останува лидер со удел од 38,4 проценти. Новата дигитална телевизија MagentaTV достигна 171 илјади корисници, што претставува раст од 6,1 проценти. Компанијата бележи и раст од 17,1 проценти кај приходите од системска ИТ интеграција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни