Македонскиот павилјон на Венециското биенале ќе биде отворен на 8 мај

Македонскиот национален павилјон на 61. Венециско биенале ќе биде отворен на 8 мај со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на Велимир Жерновски.

Македонскиот национален павилјон на 61. Венециско биенале ќе биде отворен на 8 мај во 18:30 часот, со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски.

Претставувањето го организира Музејот на современата уметност од Скопје, кој ја објави информацијата за македонското учество на една од најзначајните светски манифестации за современа уметност.

Македонскиот национален павилјон ќе биде поставен во Spazio Castello 77, на влезот во Арсенале.

Куратори на проектот се Тихомир Топузовски и Аманда Буткез од Канада, а комесар е Авни Ќаили. Покровител на претставувањето е Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Венециското биенале е една од најважните меѓународни платформи за современа уметност, а националните павилјони традиционално претставуваат простор преку кој земјите ги претставуваат своите уметнички сцени пред светската јавност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни