Фудбалските фанови во Македонија ќе го следат новото Светско првентство во фудбал, каде како и на претходните, нема да ја има фудбалската репрезентација на Македонија.
Македонија никогаш не се пласирала на еден Мундијал, но затоа има неколку македонски фудбалери кои учествувале на најголемиот репрезентативен натсан.
Кирил Дојчиновски е првиот македонски фудбалер кој заиграл на СП и тоа на првентството одржано во Западна Германија во 1974 година во дресот на СФРЈ.
За истата репрезентација на СП 1990 во Италија играа Вујадин Станојковиќ и Дарко Панчев.
По распадот на СФРЈ, единствен играч со македонско потекло кој заиграл на СП е Миле Стерјовски кој настапи за репрезентацијата на Австралија на СП 2006 во Германија.
На претстојното Светско првентство ќе настапат рекорден број на репрезентации, но Македонија нема да е меѓу нив.
Новиот Мундијал е за четири години, па тогаш можеби ќе се израдуваме со пласман на македонската фудбалска репрезентација.