Search

Македонија ја добива првата iOS конференција – iOSKonf 24

Кон средината на мај, односно на 14 и 15 мај, Македонија ќе ја добие и првата iOS конференција –  iOSKonf 24Настанот е организиран од страна на CocoaHeadsMK, здружение на ентузијасти чија цел да ги зближи и охрабри локалните девелопери и ентузијасти кои работат на iOS и остантите Apple платформи. 

Како дел од активностите на CocoaHeadsMK се и организирањето на месечни средби со по 40тина луѓе и дополнителни настани како што се гледање на WWDC keynote.

Нивниот следен подвиг е организирањето на оваа прва  iOS конференција. За тоа каква е мотивацијата и кои се нивните очекувања од првото издание на iOSKonf 24, поразговаравме со дел од основачите на CocoaHeadsMK, iOS инженерите Филип Сарџоски и Моника Матеска.

Што e CocoaHeadsMK и како дојде до организација на една ваква конференција како iOSKonf?  

Филип Сарџоски: Идејата на ваква заедница произлегува од желбата да имаме регуларни собири во својата земја исто како оние на кои сме биле во странство.

Планот за организација на CocoaHeadsMK и iOSKonf започна многу одамна, но дури по завршување на пандемијата и зголемување на желбата за „собири во живо“ успеавме да започнеме редовни месечни собири и да изградиме извонредна заедница на девелопер и ентузијасти со слични интересеи.

Уште пред самиот зачеток на CocoaHeadsMK имавме аспирации за интернационална конференција на која ќе можеме да поканиме врвни говорници од странство и да ги претставиме на локална публика, како и да донесеме гости од странство и да им ги покажеме локалните говорници од здружението.

Филип Сарџоски

Нешто повеќе за говорниците, нивната експертиза, проекти?

Моника МатескаЗа време на iOSKonf ќе бидат покриени повеќе технички теми кои се однесуваат на платформите на Apple, како и некои теми кои не се строго технички и се фокусирани на личен и професинален развој. Би сакала да издвојам по една тема од двете категории Christian Diaz ќе зборува за Spatial Computing – презентација која ќе ги воведе учесниците во уредот Vision Pro на Apple, како и начини за пристапно користење на уредот. Rudrank Riyam ќе зборува за неговото искуство во градење на личен онлајн бренд како девелопер во овој свет. Освен презентациите, учесниците на конференцијата ќе имаат можност да присуствуваат и на работилница за SwiftData предводена од Daniel Stainberg, врвен предавач и личност која стои на врвот во iOS development светот.

Филип СарџоскиИмаме одлична листа на говорници која вклучува светски познати и докажани говодници од државата и од странство, како и говорници на кои ова ќе им биде прва можност да застанат на сцена пред ваква публика и да ни презентираат нешто интересно од светот на Apple.

Каков е придонесот кој iOS заедницата го има за tech и startup екосистемите во земјава?

Филип СарџоскиНа нашите редовни собири споделуваме нови и интересни теми кои се случуваат во tech светот. Луѓето кои ги држат овие презентации се дел од заеднициата и ја користат оваа платформа за да се стекнат со искуство за јавно говорење како и да ги презентираат своите веќе постоечки технички вештини.

На овие собири присуствуваат луѓе кои со години работат во индуистијата, луѓе кои се на самиот почеток во својата кариера, како и луѓе претставници од фирми кои работат во оваа индустрија. CocoaHeadsMK го гледаме како медиум на кои луѓето можат да се запознаат, да се вмрежат, да споделуваат искуства и да соработуваат.

Какви се вашите очекувања во поглед на понатамошниот развој на iOS заедницата во Македонија и регионот, и каква ќе биде улогата на CocoaHeadsMK и iOSKonf во овој процес?

Моника Матеска

Моника МатескаПрограмирањето станува се по достапно, но за жал бариерата за влез во Apple еко системот е повисока од останатите. Тоа што сакаме да го направиме со CocoaHeadsMK е да покажеме дека вреди да се биде дел од оваа индустрија, како и да помогнеме колку можеме и ја да намалиме таа бариера за влез.

Редовно соработуваме со ФИНКИ, професорот Петре Ламески и неговите студенти кои ја изучуваат оваа проблематика и се надеваме дека голем број од тие студенти ќе одлучат да ја започнат својата кариера како iOS девелопери и членови на CocoaHeadsMK.

Од друга страна на конференцијата iOSKonf ќе имаме голем број гости, говорници и спонзори и од државата и од странство и ќе овозможиме одлична атмосфера за запознавање, вмрежување и потенцијална идна соработка.

Извор: https://it.mk/makedonija-ja-dobiva-prvata-ios-konferentsija-ioskonf-24/?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook&fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR0gXYu7DCbfg1wiis5X8iBCSM1DdX9cDlsYEDfNKnZ33gga_0rRIX_P_QI_aem_AYIVNj1t-G8p5KtiS1flIA9wyuYFxm4Mi5MaxV5l9-HU6hQoldaOYOYln9bBD0mhJ4IfA63UXKZlKNnYPmNoeGcf

Најново

Последни колумни