На државното првенство, организирано од Гоблин друштвени игри, кое што се одржа вчера во Лабораториум учествувале 64 натпреварувачи.
Давид, покрај пехар, за победата ќе добие и бесплатен авионски лет, сместување и право на настап на Светското првенство, соопштија организаторите.

„The Settlers of Catan“ (сега познато само како „Catan“) е друштвена игра дизајнирана од Клаус Тојбер и првпат објавена во Германија во 1995 година од страна на Kosmos. Играта брзо стана глобална сензација, воведувајќи нов стил на стратешко друштвено играње што комбинира управување со ресурси, трговија и територијална експанзија.

Досега се продадени преку 32 милиони копии на повеќе од 40 јазици во целиот свет. Во оваа стратешка игра, играчите се во улога на доселеници кои се обидуваат да изградат и да ги развијат своите населби преку трговија на ресурси. Инаку, играта е официјално преведена и на македонски јазик од единствениот дистрибутер и застапник во земјава, Гоблин.