Search

Локалните Европјани се борат против мегатуризмот откако почна да им ги „уништува” градовите

Европејците ги преземаат работите во свои раце со разни графити, лажни постери и погрешни знаци, предупредувајќи ги туристите дека не се добредојдени.

Локалните жители ја почнаа борбата против прекумерниот туризам во Барселона, Амстердам, Грција и Венеција.

И покрај тоа што владите воведоа мерки како што се регулирање на бродовите за крстарење и ограничување на краткорочните дозволи, за да го контролираат туризмот, се чини дека локалните жители сакаат дополнително да ги предупредат туристите.

Зградите во Атина што се користеа за краткорочно изнајмување беа покриени со лажни постери на кои изгледа дека стои официјално владино лого, а пораката на нив гласеше:

„Веднаш евакуирајте ги становите поради напад на бубачки или ќе се соочите со казна од 500 евра“.

Туристите останаа изненадени од лажните плакати.

Графити против Airbnb може да се забележат во Егзархија во Грција а и околните населби .

Во Барселона графити во Стариот град гласат: „Турист оди дома!“

Додека другите пораки во близина на главните туристички атракции велат: „Вашето луксузно патување – мојата секојдневна беда“ и „Плукаме во твоето пиво. На здравје!“

Гневните жители во Валкарка, исто така, ги ротираа таблите што водат до паркот Гуел на Гауди со цел посетителите да тргнат во погрешна насока.

Слично во Венеција, натписи како „Туристите си одат дома“ и „Венеција не е Дизниленд“, може да се видат испишани по ѕидовите.

Извор: gbnews.com

Најново

Последни колумни