Воен транспортен авион Ан-12 денеска се урнал во Кемеровската област, во југозападниот дел на Сибир, при што загинале сите 17 лица што се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на информиран извор. Изворот потврдил дека во несреќата загинал целиот екипаж.
Претходно беше објавено дека авионот се урнал во близина на селото Јагуново, во Кемеровската област, и дека првичните информации укажуваат оти станува збор за воен авион од типот Ан-12. Причините за несреќата засега не се утврдени.
Гувернерот на Кемеровската област, Илја Середјук, соопштил дека се случила авионска несреќа во близина на селото Јагуново, а екипите на службите за вонредни ситуации се на терен.
