Десет деца повредени на подвижни скали во Белград, кај седум утврдени тешки повреди

Пет девојчиња и пет момчиња на возраст од осум и девет години се повредени денеска на подвижните скали во трговскиот центар „Галерија“ во Белград. Сите се пренесени во Ургентниот центар

Според информациите од белградската Итна помош, кај седум деца првично биле утврдени тешки трауми, а кај три полесни. Станува збор за првична медицинска проценка, додека конечната тежина на повредите треба да се утврди со болничките прегледи.

Интервенирале пет екипи

Итната помош го примила повикот во 14:33 часот, по што во трговскиот центар биле испратени пет медицински екипи. Повредените деца биле згрижени и транспортирани на понатамошни испитувања и лекување.

Причината се утврдува

Засега не е официјално утврдено што довело до падот на децата на подвижните скали. Во првичните извештаи се појавија различни верзии за настанот, но ниту една не е потврдена како причина.


Околностите на несреќата се проверуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс