Сè повеќе македонски деца растат далеку од Македонија, опкружени со други јазици, култури и секојдневија. За многу семејства предизвикот не е само детето да го слуша македонскиот јазик, туку да остане поврзано со него на природен и близок начин.
Токму од таа потреба произлезе Домче – првата дигитална платформа создадена специјално за македонските деца во дијаспората, која преку игра ги доближува македонскиот јазик, културата и традицијата.
Наместо класични методи и чувство дека детето учи како на училиште, Домче нуди игри, приказни, брзозборки, сложувалки и интерактивни активности преку кои децата природно го запознаваат македонскиот јазик и кирилицата, но и македонската култура, традиции и убавините на Македонија
Летото носи повеќе слободно време за игра, љубопитност и откривање нови нешта. Токму затоа, од 20 до 30 јуни, Домче нуди специјална летна понуда, со која родителите заштедуваат 25% при активирање на тримесечен план.
Целта е уште повеќе семејства да им овозможат на своите деца да останат поврзани со македонскиот јазик и културата – без притисок, без оценки и без чувство дека учат, туку дека играат.
Идејата зад Домче е едноставна: секое дете, каде и да живее, заслужува да може да разговара со баба и дедо на мајчиниот јазик, да ги разбира семејните приказни и да ја почувствува блискоста со Македонија. Не затоа што мора, туку затоа што сака.
Апликацијата е достапна за преземање на:
• App Store: https://apps.apple.com/mk/app/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D1%87%D0%B5/id6774342358
• Play Store: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.domche.app
• Веб: www.domche.mk
За повеќе информации, посетете ги профилите на Домче на социјалните мрежи.