Лансиран нов сервис за следење летови: Испраќа аларми за необично однесување на авиони

Авијацискиот портал Simple Flying претстави нов сервис за следење летови во реално време, со можност за предупредувања при необични активности и итни ситуации.

Авијацискиот портал Simple Flying лансираше нов сервис за следење летови во реално време, кој нуди и автоматски предупредувања за необични активности на авиони. Платформата може да детектира осцилации во висината на летот, невообичаени траектории и „squawk“ кодови, меѓу кои и кодот 7700 што се користи во итни ситуации.

Корисниците можат да следат летови во живо, но и повторно да ги прегледуваат по слетувањето. Достапни се информации за моделот на авионот, авиокомпанијата, висината на летот и брзината на движење. Сервисот прикажува и NOTAM известувања за воздушниот сообраќај, а овозможува и филтрирање на комерцијални, воени и приватни летала.

Податоците се собираат преку ADS-B и MLAT системи, со помош на мрежа од приемници поставени од ентузијасти ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс