„Лада“ заминува од Германија по повеќе од 50 години

Компанијата „Lada Automobile GmbH“, германски увозник на руските автомобили „Лада“ со седиште во градот Букстехуде, поднесе барање за стечај поради финансиски проблеми, со што практично завршува повеќе од половина век присуство на рускиот бренд на германскиот пазар

Компанијата „Lada Automobile GmbH“, германски увозник на руските автомобили „Лада“ со седиште во градот Букстехуде, поднесе барање за стечај поради финансиски проблеми, со што практично завршува повеќе од половина век присуство на рускиот бренд на германскиот пазар.

Според германскиот портал „t-online“, компанијата не успеала да пронајде нов инвеститор, а работењето во Букстехуде било прекинато уште пред неколку месеци. Последните години фирмата вработувала околу десет лица.

Рускиот производител официјално го прекина извозот во Европа уште кон крајот на 2019 година, откако Европската Унија ги заостри регулативите за емисија на штетни гасови. По тоа, германскиот увозник продолжил да го носи теренецот „Нива“ во Германија преку таканаречен „сив увоз“, а моделот се продавал под имињата „Lada 4×4“ и „Lada Taiga“.

Иако возилата често биле критикувани поради послаб квалитет, тие биле многу популарни кај дел од купувачите поради ниската цена и едноставната механика.

Ситуацијата дополнително се влоши по почетокот на војната во Украина и воведувањето санкции и ембарго против Русија. Тогаш набавката на нови возила и резервни делови станала речиси невозможна, што довело до целосен колапс на бизнисот во Германија. Со ова, по повеќе од 50 години, „Лада“ официјално исчезнува од германскиот автомобилски пазар.

Компанијата „Lada Automobile GmbH“, германски увозник на руските автомобили „Лада“ со седиште во градот Букстехуде, поднесе барање за стечај поради финансиски проблеми, со што практично завршува повеќе од половина век присуство на рускиот бренд на германскиот пазар. Според германскиот портал „t-online“, компанијата не успеала да пронајде нов инвеститор, а работењето во Букстехуде било прекинато уште пред неколку месеци. Последните години фирмата вработувала околу десет лица.

Рускиот производител официјално го прекина извозот во Европа уште кон крајот на 2019 година, откако Европската Унија ги заостри регулативите за емисија на штетни гасови. По тоа, германскиот увозник продолжил да го носи теренецот „Нива“ во Германија преку таканаречен „сив увоз“, а моделот се продавал под имињата „Lada 4×4“ и „Lada Taiga“.

Иако возилата често биле критикувани поради послаб квалитет, тие биле многу популарни кај дел од купувачите поради ниската цена и едноставната механика. Ситуацијата дополнително се влоши по почетокот на војната во Украина и воведувањето санкции и ембарго против Русија. Тогаш набавката на нови возила и резервни делови станала речиси невозможна, што довело до целосен колапс на бизнисот во Германија.

Со ова, по повеќе од 50 години, „Лада“ официјално исчезнува од германскиот автомобилски пазар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс