Македонскиот филм „Кучињата немаат соништа“ во трка за награда на Синемед во Монпелје

Краткометражното остварување на Ханис Багашов наполни две проекции во Монпелје, а авторот таму развива и дебитантски целовечерен проект.

Краткометражниот игран филм ,,Кучињата немаат соништа” на Ханис Багашов во главната натпреварувачка селекција на 48-мото издание на Синемед во Монпелје,  Франција.  

Филмот имаше две проекции во полната сала на Pathé Comédie, а на Q&A беа присутни режисерот и продуцент Ханис Багашов, актерката Ера Балај и монтажерката Касијана Ангелова.  

На фестивалот Багашов претстави и проект во развој за долгометражен филм, како дел од програмата ,,From Short To Long”.  

,,Кучињата немаат соништа” ја имаше светската премеира на Сараевскиот филмски фестивал, а домашната на ,,Браќа Манаки”. 

Филмот е подржан од Агенцијата за филм на РСМ, во продукција на Hithra Films и ко-продукција на Етерна Филмс (Бугарија) и Казабланка (Словенија). Дистрибутер е Lights On.  

Главните улоги ги толкуваат Ера Балај и Дениз Рустеми, а играат и Илире Винца,  Рефет Абази, Ментор Курти и Греса Фаризи. 


Директор на фотографија е Фејми Даут, монтажата е на Касијана Ангелова,  музиката на Арта Абази, костимите и сценографијата на Елена Билбилоска, дизајн на звукот на Дарко Спасовски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс