Крис Браун обвинет дека дрогирал и силувал жена на јахтата на Диди

Анонимна жена тврди дека пејачот Крис Браун ја силувал на јахтата на Диди во 2020 година за време на една од озлогласените забави на раперот.
Фото: Eva Rinaldi, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Обвинението беше изнесено во документарната емисија „Крис Браун: Историја на насилството“ на Investigation Discovery.

Темата на документарецот е наводното насилно однесување на Браун низ годините. Тие вклучуваат наводи за злоупотреба на партнерките, напади и сексуален напад, кои првпат се појавија во 2009 година кога тој призна дека ја нападнал сега поранешната девојка Ријана.

Инцидентот се случил во 2020 година во близина на Мајами. Неидентификуваната девојка тврди дека го забележала Браун веднаш штом се качила на јахтата и вели дека почнале да зборуваат за нејзината танцувачка кариера, поради која штотуку се преселила во Мајами од Лос Анџелес.

Таа додава дека мислела дека Браун „може да и помогне во кариерата со совети“. Тој и дал пијалок, за кој таа сега тврди дека бил преполна со дрога.

Таа тврди дека набрзо почнало да ѝ се спие, а завршила во спалната соба со Браун.

„Се сеќавам дека лежев таму и се прашував: ‘Зошто не можам да станам?’ Следно што знам, тој беше над мене и не можев да се движам, кажував ‘не’ и тогаш почувствував… следното нешто што го паметам е чинот“, сведочеше таа.

Нејзината адвокатка, Ариел Мичел, потврди за Холивуд Репортер дека таа повторно ја застапува својата клиентка откако таа се повлече од тужбата во 2022 година. Имено, таа година се појавиле СМС пораки кои девојката му ги праќала на Браун, иако таа негирала дека постојат.

„Стојам покрај неа и тогаш и сега. Вистината на нејзините тврдења тогаш не беше доведена во прашање. Таа едноставно не ни ги достави сите потребни докази“, изјави адвокатката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни