Косово повторно влегува во предизборна кампањата на 28ми мај

Предвремените избори беа распишани откако парламентот не успеа да избере нов претседател, со што Косово повторно влезе во политичка криза.

Косово влегува во уште една предизборна кампања, откако Централната изборна комисија објави дека кампањата за предвремените парламентарни избори ќе започне на 28 мај, а гласањето ќе се одржи на 7 јуни.

ЦИК го одобри акциониот план и буџетот за организирање на изборите. Според одлуката, изборниот процес ќе чини околу 10,887 милиони евра, средства наменети за спроведување на гласањето, изборната администрација и сите технички подготовки за новиот изборен циклус.

Предвремените избори беа распишани откако косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател во предвидениот рок. По истекот на мандатот на Вјоса Османи на почетокот на април, функцијата привремено ја презеде претседателката на парламентот Албулена Хаџиу, која потоа ги распиша изборите по консултации со политичките партии.

Пратениците имаа рок до полноќ да изберат нов шеф на државата, но владејачкото Движење Самоопределување на премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди поддршка од опозициските партии за својот кандидат. Поради недостиг на потребниот кворум и политички договор, парламентот беше распуштен.

Ова ќе бидат третите парламентарни избори во Косово за нешто повеќе од една година, што ја потврдува длабоката политичка криза во земјата. По изборите во февруари 2025 година следеше долг институционален застој, потоа ново гласање во декември 2025 година, а сега и уште еден изборен циклус поради неуспешниот избор на претседател.

Политичката нестабилност во Приштина може дополнително да ги забави реформите и европскиот пат на земјата, бидејќи Косово подолг период се соочува со институционални блокади и недостиг на функционална политичка согласност околу клучните државни позиции

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни